Нови жаришта на пожари се појавија во повеќе делови на Израел

Во северниот и централниот дел на Израел се појавија повеќе нови жаришта на природни пожари, објави денеска весникот „Хаарец“.
Голем пожар се појавил во северниот дел на земјата, во реон на градот Кармиел, а втор се разгорува во реон на кибуците Цивон и Саса, во Горна Галилеја, додека уште повеќе е разбеснет пожарот во реонот на Јудејските Ридови, во централен Израел, пишува весникот.
Дневниот весник информира дека метеоролошките услови во Израел денеска ќе останат екстремно неповолни за гасење на пожарите. Во текот на целиот ден ќе продолжи да дува источен ветар, но ќе ослабне со доаѓање на ноќта.
Во Израел, од почетокот на неделата, владее екстремно суво и ветровито време.
Пожарите почнаа во вторникот и за три дена, според податоци на полицијата, на територијата на цела земја се регистрирани над 200 жаришта. Главниот удар на огнената стихија се наоѓа во реоните на Хаифа, Хадера и Зихрон-Јааков во северен Израел, а исто така и пред ридовите на Ерусалим и околината на градот Мадин во централен Израел. Од огнот досега настрадаа и неколку еврејски населби на Западниот Брег на реката Јордан.
До овој момент нема податоци за жртви, но во стихијата се уништени десетици домови.
Министерот за внатрешна безбедност Гилад Ердан синоќа изјави дека во моментов пожарите низ цела земја се наоѓаат под контрола.
Портпаролот на израелската полиција за ТАСС соопшти дека во текот на вчерашниот ден биле евакуирани 60.000 жители на 12 микрореони во централните и северните квартови на Хаифа.
- На евакуираните засега им е забрането да се враќаат во домовите, иако патиштата се отворени. Се очекува од денеска ситуацијата во Хаифа да почне да се подобрува, кога ќе се активира и противпожарната авијација, но се уште е рано да се даваат прогнози, изјави портпаролот.
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
