Балкан
13. March 2018 - 19:16

Нови закони во Хрватска: Ако сте уморни или болни додека управувате со автомобилот ќе платите 250 евра казна

Ако досега мислевте дека во Македонија полицијата казнува за се’ и сешто, ќе сфатите дека баш и не е така откако ќе ги погледнете казните во Хрватска, на пример.
 
– Ако сте уморни или болни додека управувате со автомобилот (како ли полицаецот ќе го утрди тоа) ќе платите 250 евра казна.
 
 
– Ако возите со кал на гумите ќе платите околу 150 евра казна (добро, слична казна има и кај нас).
 
– Ако оставите отворен прозор од автомобилот откако излезете од него, ќе платите 20 евра казна, а исто толку ќе ве чини ако ги оставите клучевите во автомобилот и излезете од него или го напуштите а го оставите моторот да работи.
 
– Хрватите плаќаат казна од 20 евра ако излезат од автомобилот додека тој е во движење или ако ја отворат вратата додека се движат а казна од 75 евра се плаќа ако возите човек во камп приколка.
Затоа ако планирате зимава да заминете во Хрватска на одмор, имајте ги овие казни во предвид.

Ново на Сител