Нови тридимензионални пешачки премини во Куманово
Продолжи обновата на хоризонталната сигнализација во Куманово, овој пат со исцртување на тридимензионални пешачки премини, кои ќе бидат повидливи за возилата и со тоа ќе придонесат за намалување на брзината. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски објави дека и во наредниот период ќе продолжат со поставување на ваква сообраќајна сигнализација.
-Нови тридимензионални пешачки премини на влезот во Куманово, продолжуваме и на други локации во градот, напиша Димитриевски.
Надлежните од општината за оваа дејност појаснуваат дека во наредниот период ќе бидат исцртани уште дополнителни вакви пешачки премини во централното градско подрачје, а наредната сезона ќе продолжат и на останатите улици.
Во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура во Куманово за тековната година, за хоризонталното обележување заедно со поставување на заштитни столбови од општинскиот буџет одвоени се 2,5 милиони денари.
Ново на Сител
-

Родител пријавил дека неговата малолетна ќерка била допирана додека била на училиште
-

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат
-

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија
-

Извештај на ЕК: Македонските власти продолжија да работат на спроведување на реформите
-

Откриена спомен-биста на Илија Димовски - Гоче во Алејата на великаните на на градските гробишта Бутел
-

Тешко повреден малолетник во автобус на ЈСП поради нагло кочење
-

Почина поранешниот американски потпретседател Дик Чејни
-

„Политико“: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија
