Нови судири во Хонг Конг, полицијата употреби солзавец
Полицијата во Хонг Конг синоќа употреби солзавец за да ги растера демонстрантите од кои некои протестираа во повеќе трговски центри, додека другите оддржуваа протести на улиците на популарните туристички зони низ градот.
Дел од демонстрантите синоќа, на Бадник, носеа капи на Дедо Мраз, а на полноќ на кратко ја прекинаа акцијата за на сите, вклучувајќи ги и полицајците, да им посакаат среќен Божик.
Би-Би-Си пренесе дека некои демонстранти фрлале Молотови коктели, а полицајците возвратила со бибер-спрејови и палки.
На неколку места демонстрантите ваделе павер плочки од тротоарите и улиците и со нив направиле барикади. Полицијата наведе и дека една банка е запалена.
Протестите во Хонг Конг почнаа во јуни заради спорниот закон за екстрадиција што во меѓувреме беше повлечен, а потоа се проширија во големо антивладино движење кое бара истрага за наводната полицикса бруталност, како и демократски реформи во градот што има посебен статус.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола