Нови проекти за рурален туризам во Чашка, Дебрца, Липково и Боговиње

Министерката за локална самоуправа Ширет Елези и постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон денеска им ја предадоа техничката документација за инфраструктурни проекти за развој на руралниот туризам на градоначалниците на општините Чашка, Дебрца, Липково и Боговиње.
Се работи за изградба на локален пат што ќе го поврзува селото Нежилово со планинарскиот дом Чеплес во општина Чашка, како и изградба на локален пат од селото Беклчишта до Ново Село, пешачка патека и камени видиковци во општина Дебрца. Ќе се градат три пешачки патеки во должина од 32 километри и ќе се поставуваат туристички инфорамтивни табли во општина Боговиње и локален пат кон локалитетот Елки, во близина на браната Глажња во општина Липково.
Министерката Елези информира дека подготовката на техничката документација за овие проекти била клучен предзивик за овие четири рурални општини да можат да пристапат кон обезбедување средства за нивна реализација. Додаде дека Министерството за локална самоуправа и УНДП одговориле на потребите на овие општини, во рамки на еден поширок проект за поттикнување на развојот на руралниот туризам во Североисточниот, Вардарскиот, Југозападниот и Полошкиот плански регион.
- Финансирањето на техничката документација во вкупна вредност од 70.000 евра е значаен поттик за обезбедување на дополнителните средства за реализација на овие проекти, во вредност од околу 4 милиони евра, рече Елези. Посочи дека овие четири општини ќе бидат подготвени да ја искористат првата можност што им е на располагање, а тоа е Проектот на Светска банка за финансирање проекти за развој на туризмот.
Според Елези, општините во Македонија имаат големи потенцијали за развој на туризмот, но немаат доволно капацитет за ставање во функција. Нагласи дека Министерството за локална самоуправа со УНДП направиле и мапирање на туристичките потенцијали во четирите плански региони.
Постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија Винтон потенцира дека е многу важно да се создадат подобри услови во руралните заедници за да се задржат младите семејства или да се привлечат назад.
- УНДП успеа да додаде дополнителни 100.000 американски долари на нашиот заеднички проект за подобрување на заштитата од поплави за жителите во Тетово и во Полошкиот регион. Вака вкупната вредност на овој проект е 430.000 долари, рече Винтон.
Градоначалникот на Боговиње Хазби Идризи, кој се обрати во име на наеговите колеги упати благодарност до Министерството за локална самоуправа и посебно до УНДП, кои им помагале во реализација на повеќе проекти од инфраструктура, образование, вработување..
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
