Нови локалитети на листата на светско културно наследство на УНЕСКО
На Листата на светско културно наследство, УНЕСКО официјално додаде неколку нови локалитети, соопшти Организацијата за наука и култура при ОН.
Меѓу нив се и Которската тврдина во БиХ, калето Свети Никола во Шибеник, Хрватска, како и градските ѕидини на некогашната Република на Свети Марко, коишто се наоѓаат во Задар.
На листата се впишани и стари пештери кои се наоѓаат во западна Германија, стари рудници на сребро во Тарновски Гори на југот од Полска, како и „Успенската црква“ на островот Свијажск во руската Република Татарстан. Натаму на листата се и древниот град Јазд во Иран, јапонскиот остров Окиношима и националниот парк Лос Алерсес во Аргентина, како и грандиозните дела на современата архитектура во престолнината на Еритреја, Асмара.
На Листата сега се наоѓаат и Тапутапуатеа на островот Рајатеа во Француска Полинезија, како и островот Кујата на Гренланд.
За време на 11-дневното заседание, кое е 41-во по ред, Одборот на УНЕСКО за светско културно наследство годинава досега додаде 19 нови локалитети на Листата.
Ново на Сител
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница