Нови инвестициски активности на ЈП „Пазари“-Битола

Јавното претпријатие „Пазари“ Битола најави нови инвестициски активности со цел зголемување на ефикасноста на услугите.
Според Сашо Стаматов, директор на ЈП „Пазари“, во битолскиот централен градски пазар ќе биде изграден посебен дел за продажба на рачно изработени производи и бижутерија.
- Во напредна фаза е изградбата на шест нови павиљони и партерно уредување на површина од 1.000 метри квадратни што се во главното јадро на пазарот, а паралелно подготвуваме нов проект за реонот број 2 кој е непосредно до управната зграда, познат како реон за продажба на бижутерија и други рачно изработени производи. Со овој инвестициски зафат ќе се комплетира новата слика на централниот градски пазар, истакна Стаматов.
ЈП „Пазари“-Битола минатата година изврши реконструкција на реонот 4 со која беше опфатена површина од 850 квадратни метри, а беше изграден нов современ павиљон за продажба на зеленчук и овошје, за што беа вложени 12 милиони денари.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
