Нови детали за акцијата: Имамот бил идеолог - Обуки за војување се вршеле во скопската џамија
Имамот на џамиите Тутунсуз и Јаја Паша бил идеологот на групата уапсена во полициската акција која се водела под кодното име „Ќелија“.
Како што дознаваме од полициски извори, покрај него, се сомничат уште 34 лица за поврзаност со ИСИЛ. Од нив, 9 лица се веќе уапсени а по останатите се трага. Најголем дел од уапсените се повратници од Сирија, додека 20 лица од оние по кои трага полицијата се уште се на боиштата.
Полицијата тргнала во акција уште во 3:30 часот утрово. До сега извршени се 28 претреси во 21 дом, како и во интернет кафе и џамија.
Предмет на претрес биле и две невладини организации „Искра на милоста“ и „Исламска младина“
Сите приведени според информациите до кои дојдовме се на возраст меѓу 19 и 49 години. Во акцијата одземени се 38 компјутери, 18 лаптопи, 18 таблети и 119 телефони. Покрај ова, најден е и гасен пиштол и одредена сума на пари.
Нашите извори велат дека постои поврзаност на групата со 16те лица кои загинаа во Сирија, а според информациите над 130 лица учествувале во воените дејствија во Сирија.
Истите извори велат дека МВР располага со сериозни докази. Според информациите, се држеле обуки за војување во Тутунсуз џамијата како и во приватни куќи. Се уште не се знае дали планирале напади во Македонија, но ваквите групации се закана секаде во светот, вели нашиот извор.
Ново на Сител
-
Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој презира криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери
-
Од турист до амбасадор на скриени убавини во Македонија | Фин Вотшов | Sitel Podcast 116
-
Орбан: Ситуацијата е таква што „една грешка може да прерасне во светска војна“
-
До 5 октомври аплицирање за субвенциониран студентски оброк
-
Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти
-
Злоупотреба на функција и бесправно градење - обвиненија против поранешниот директор на струмички „Комуналец“
-
Уставниот суд оформи предмет за иницијативата на Левица
-
Мирен протест во Атина во рамките на генералниот 24-часовен штрајк