Македонија
7. February 2023 - 13:20

Нови 33 дојави за бомби во училишта во Скопје

Денеска (07.02.2023) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.