Нови 26 случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 449 заразени, 11 починати и 79 излекувани
Во Косово во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 26 случаи на заболени од Ковид-19, како и осуммина кои се излекувани, откако претходно биле дијагностицирани како заразени од новиот коронавирус, објави синоќа Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) во својот 24-часовен извештај за состојбата со заразата во земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, заедно со новите случаи, официјалната бројка на заразени во Косово сега изнесува 449, додека како излекувани, вклучително вчерашните осум, согласно методите пропишани од Светката здравствена организација, се водат 79 лица.
Во четвртокот беа забележани и два нови смртни случаи на заболени од Корона-19, со што бројот на жртви на заразата во Косово се искачи на 11. Лицата кои починаа вчера, жени на 73 и 71-годишна возраст, како и досегашните деветмина починати, страдале и од други пропратни болести.
Во Лабораторијата за молекуларна микробиологија на ИШПК вчера се тестирани примероците на 195 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 3.915.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019