Македонија
29. July 2015 - 21:51

Новата опрема значајна за болницата во Велес

Новата медицинска опрема која ќе пристигне во велешката болница ќе ги подобри здравствените услуги. Пациентите сметаат дека таа ќе помогне во лекувањето и навременото дијагностицирање на болестите.

Три одделенија во болницата ќе добијат нова опрема. Раководството на здравствената установа смета дека со ова ќе се намали бројот на пациенти кои се препраќаат на клиниките во Скопје.

100 илјади евра ќе инвестира министерството за здравство во велешката болница. Со парите ќе се купат апарат за анестезија, гастроскоп и ендоскопски сет.