Нова училишна сала во СОЕУ „8 Септември“ во Тетово
Во средното општинско економско училиште „8 Септември“ во општина Тетово денеска беше пуштена во употреба нова училишна спортска сала со површина од 1300 метри квадратни, за која МОН инвестираше околу 40 милиони денари. Салата е опремена со реквизити за фудбал, одбојка, ракомет, кошарка, гимнастика.
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на свеченото отворање на салата истакна дека учениците ќе можат да ги совладуваат основните елеметни на спортот, но дека салата ќе им биде достапна и на сите заинтересирани граѓани во слободното време.
Адеми истакна дека Министерството во Тетово досега има инвестирано во 11 објекти, во вредност од 2.200.000 евра.
- Инвестициите во образованието не запираат откако ќе се изгради ново училиште, не завршуваат со реконструкција на училишна зграда. Инвестирањето во образованието значи и постојано надградување на наставниците, следење на светските трендови, како и новно имплементирање во македонскиот образовен систем. Затоа, приоритет на Министерството за образование и наука и на Владата на Република Македонија останува инвестирањето во образованието, додаде Адеми.
Ново на Сител
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО