-->
-->
Нова сообраќајка на местото каде загинаа двајцата косовски полицајци
-->
Автомобил со двајца патници синоќа околу 22 часот паднал во реката Лепенец, кај месноста Кула со Чешма во близина на Качаник, на истото место каде што пред неколку недели загинаа двајцата косовски полицајци, Маљсор Гаши и Арменд Трена, но овој пат без трагични последици, јави дописникот на МИА од Приштина.Возачот Газменд Брава (35) и совозачот Џемил Љоку (29), двајцата од Генерал Јанковиќ, успеале да се излезат од возилото „Голф 2“. Тие оделе од Генерал Јанковиќ за Качаник, по алтернативниот пат покрај Лепенец, кога, веројатно поради обемните врнежи, се лизнале во надојдената река, на истото место каде што падна полициското возило со Гаши и Трена ноќта на 28 април.
На местото на настанот веднаш излегле неколкумина локални жители кои помогнале во извлекувањето на возилото од водите на Лепенец.
- Обемниот дожд и надојдената река поплавија и дел од механизацијата на „Бхтел Енка“, која ги изведува работите на автопатот „Арбен Џафери“, изјави за порталот „Индексонлине“ еден од спасителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
