Нова градинка во Горно Лисииче, ќе се згрижат 100 деца

Нова градинка со капацитет за околу 100 деца ќе се гради на местото на некогашната стара спортска сала во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче. Градинката ќе чини 16 милиони денари, а ќе биде готова до февруари следната година. Објектот ќе содржи две големи занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли и административен простор и тоа на површина од 320 метри квадратни.
Изградбата на новата градинка во општина Аеродром на денешната прес-конференција ја најавија министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот Ивица Коневски.
Министерот Спасов информираше дека со општина Аеродром воспоставиле соработка и потпишале договор за заедничко финансирање на овој објект во Горно Лисиче. Инвестицијата, како што рече, ќе чини околу 16 милиони денари.
- Ова е втора градинка, заедничка инвестиција на Министерството во соработка со општината. На почетокот на 2013 година беше отворена градинката „Сонце“ со капацитет за 200 деца, потсети Спасов.
Министерот за труд и социјална политика најави отворање на нови градинки, во Скопје и низ државата.
- Од 2013 година досега отворени се 33 објекти кои значително влијаат за зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст. Оваа година во соработка со општините почнавме изградба на нови објекти во Кисела Вода и во Бутел, а во октомври очекуваме да почне изградбата на нова градинка во Горно Лисиче, рече Спасов и потсети дека почна изградбата на градинки и во општините Петровец и Илинден.
Во септември, како што најави, ќе се пуштат во употреба градинки во Липково, Сарај, Карбинци и Гостивар, а до крајот на годината уште неколку објекти.
Градоначалникот Коневски истакна дека ова е прва градинка што се гради во Горно Лисиче, а ќе се финансира од буџетите на општина Аеродром и на Министерството за труд и социјална политика.
- Општина Аеродром работи на решавање на проблемот со недостиг на простор за деца. Наредната година очекуваме да ја прошириме постоечката градинка „Срничка“ , т.е. да го дуплираме капацитетот, а во 2017 година тоа планиарме да го направиме со градинката „Буба Мара“ и да го намалиме бројот на деца кои немаат можност да се запишат во градините во нашата општина, рече Коневски.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
