Нов водоснабдителен систем во Гевгелија
Во Гевгелија, по повод општинскиот празник, денеска беше предаден во употреба нов водоснабдителен систем, инвестиција во износ од 1,7 милиони евра, преку кој на гевгеличани им се обезбедуваат дополнителни количини квалитетна вода за пиење.
-Водоснабдителниот систем има три бунари во месноста „Мрзенска ада“ кај реката Вардар кои на гевгеличани ќе им обезбедат дополнителни 200 литри вода за пиење во секунда и со постојните бунари кај Моин, проблемот со вода за пиење на гевгеличани им се решава најмалку за наредните 30 години, рече градоначалникот Сашо Поцков, кој заедно со поранешниот градоначалник Иван Франгов и министерот за транспорт го предадоа во употреба новиот систем.
Поради завршување на некои мали технички работи, новиот водоснабдителен систем ќе се приклучи во Регионалниот водовод кон крајот на овој месец, а идната година, како што вети Поцков,општината ќе набави деарсенификатори за водата од моинското бунарско подрачје.
Министерството за транспорт и врски беше дел од овој проект партиципирајќи со средства преку кредитната линија на Европската инвестициска банка.
– Имајќи предвид дека најгорливиот проблем на гевгеличани беше токму водата за пиење, со изградбата на овој систем очекуваме да се надмине деценискиот проблем и конечно да се подобри водоснабдувањето во градот, истакна министерот Сугарески и посочи дека сега, кога овој проблем е надминат, очекува во наредниот период локалната самоуправа да работи на нови проекти со кои ќе се надградува економскиот потенцијал на Гевгелија.
Сугарески нагласи дека Владата дополнително ќе ги поддржува и помага општините со цел заедно да се придонесе за нивниот економски раст и развој затоа што ако општината е богата, како што рече,ќе има и задоволни граѓани.
Градоначалникот Поцков нагласи и дека предавањето во употреба на овој капитален објект за општина Гевгелија следи по пуштањето на Пречистителната станица и времената депонија за комунален отпад.
Ново на Сител
-

При зголемен сообраќај, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци
-

МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
-

Путин: Бесмислица е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина
-

Од квалификации до финале на Ролан Гарос
-

Песков: Ако Зеленски сака разговор, може да дојде во Москва
-

Трамп: Би било одлично Зеленски и Путин да се сретнат
-

Германија и Франција ќе иницираат нов поттик за проширување на ЕУ на самитот во Тиват
-

Трамп: Не ни е потребен договор со Иран за да дојдеме до збогатениот ураниум

