Нов вид силна синтетичка дрога и се заканува на Европа
Европската унија мора да се подготви за нагло зголемување на синтетичката дрога фентанил, изјави европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон за Политико.
Ова е реакција на предупредувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Европа или се уште не открила проблем со синтетичките дроги или наскоро ќе открие.
Фентанил е синтетичка дрога која се проценува дека е 50 пати посилна од хероинот и е причина за смртта на десетици илјади Американци кои умираат од предозирање секоја година.
На настан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации за заканите по здравјето и безбедноста од синтетичките дроги, американскиот претседател Џо Бајден ги повика сојузниците сериозно да ги сфатат заканите од фентанил, рече Јохансон.
– Тоа е проблем што го имате, само што сè уште не го знаете тоа или е проблем што ќе го имате наскоро, и рекол Блинкен на Јохансон во разговор за синтетичките дроги.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени