Македонија
25. September 2023 - 21:15

Нов протест пред Владата за случувањата на Онкологија - ќе се бара и меѓународен притисок

Под мотото „Правда за сите жртви“ стотина граѓани вечерва протестираа за скандалот на Клиниката на Онкологија. Незадоволни што ОЈО се уште не ги објавил сите детали од досегашната истрага протестирачите рекоа дека доколу тоа не се случи до 1 ноември ќе бараат и меѓународна поддршка за вистината да излезе на виделина.

На протестот беше побарано да бидат објавени и сите информации за пожарот во модуларната болница во Тетово, несреќата во Бугарија во автобусот на БЕСА – транс, како и смртта на малата Јана од Битола. Револт беше искажан и кон измените на Кривичниот Законик кои пратениците ги донесоа за само еден ден.

 Организаторите продолжуваат со протести и следниот понеделник во истиот термин, 18 часот.