Нов „предизвикан“ земјотрес во близината на Стразбур
Нов „предизвикан“ земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала се случи во неделата на 8 ноември во близина на Стразбур, според Националната мрежа за сеизмички мониторинг (Ренасс) на Франција, тој е еден од последните во низата потреси во област што може да прими геотермална централа, јави дописникот на МИА.
Земјотресот се случи во 12:32 часот наутро северно од европската метропола, во близина на длабоката геотермална локација управувана од Фонрош во РајхШтет и Венденхајм (Долна-Рин). Претходно, три потреси со јачина од 2,2, 2,1 и 2,6 степени веќе беа почувствувани во четвртокот вечерта, како и на 27 и 28 октомври во оваа област.
Овие четири земјотреси биле класифицирани како „предизвикани“ од Ренасс, односно предизвикани од човечка активност.
-Фонрош Геотерми информира дека сеизмички настан со јачина од 2,2 степени бил измерен оваа недела (…) околу 12:30 часот во периметарот на длабоката геотермална централа во Венденхајм, додека операцијата сè уште е запрена и тестот за трагање е суспендиран, се вели во соопштението на компанијата.
Мини-земјотресот што се случи во неделата „е дел од континуитетот на подземните движења што предизвикаа настан од иста природа“ минатиот четврток, продолжува Фонрош.
Работата на компанијата е суспендирана од првата серија земјотреси што се случија во ноември 2019 година, вклучително и земјотрес со јачина од 3,9 степени што го потресе регионот Стразбур без да предизвика штети или жртви. Фонрош спроведуваше експерименти во последните месеци за да открие дали овој земјотрес е поврзан со неговите активности, што сè уште не е докажано. Но, секако овие последни „тестови за трагање“ ги предизвикаа неодамнешните потреси, според компанијата. Сепак, овие тестови беа прекинати минатата недела по барање на префектурата.
-Податоците за оваа последна епизода (денешниот земјотрес) се влеваат во напредните анализи што беа преземени по настанот (минатиот четврток) за да се знае потеклото, укажува Фонрош во своето соопштение за печат.
-Најверојатната хипотеза за земјотресот се заснова на континуитет на приспособување на карпата по двата претходни настани, проценува компанијата.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај