Кошарка
16. November 2016 - 21:15

Нов пораз на МЗТ Скопје во Еврокупот

 Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе нов пораз во Еврокупот.
 
Аеродромци вечерва во дуел од 6.коло, во СЦ „Јане Сандански“ загубија од литванската екипа Лиеткабелис со 8-87 по четвртини 20:21, 12:25, 17:16 и 31:25.
 
Ниту расположените Стефан Синовец и Даниел Кларкс кои постигнаа по 20 поени не му помогнаа МЗТ Скопје да го избегне и петиот пораз во исто толку одиграни средби во Еврокупот, со што македонскиот првак е „закован„ на дното на табелата во А групата.
 
Втората средба од оваа група екипата на Цедевита направи вистинско изненадување нанесувајќи и го на шпанската екипа Гранд Канарија првиот пораз. Хрватскиот првак до победата од 97-90 стигна благодарение на одличната игра во последната четвртина која ја доби со 30:16.
 
Слободна во ова коло беше екипата на Нижњи Новгород.
 
Табела: Гранд Канарија 4-1, (победи-порази), Цедевита 3-2, Нижни Лиеткабелис 3-2, Новгород 2-2 и МЗТ Скопје А. 0-4.