-->
-->
Нов пораз на Куманово од Турк Телеком во ФИБА Еврокупот
-->
Македонскиот вицешампион Куманово го претрпе и третиот пораз во кошаркарскиот ФИБА Еврокуп.
Во мечот од 4.коло на групата „Ј’’, одигран синоќа пред својата публика Куманово загуби од турскиот претставник Турк Телеком со 75:84.
На кумановската екипа не му помогна ниту дабл-дабл учинокот на Урош Луковиќ кој средбата ја заврши со 22 поени и 16 скока, како и шесте „тројки„ и 18 поени на Александар Костоски. Исто толку за Турк телеком постигна Џенкинс, а Куртоглу беше стрелец на 13 поени.
Со оваа победа турската екипа се зацврсти на врвот на табелата, а воедно го осигура и своето место во следната фаза.
Куманово сега е трет, но и сеуште со шанси за пласман понатаму, за што на сино-белите им се потребни победи на двата преостанати меча.
Вчера, во првиот меч од оваа група, полскиот претставник Роса Радом ја победи екипата на КТП Баскет од Финска убедливо со 95–48.
Табела: Турк Телеком 4/0 (победи/порази), Роса Радом 3/1, Куманово 1/3 и КТП Баскет 0/4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација