Нов Јужен Велс потврди прв смртен случај од Омикрон
– Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска пријави повеќе од 6.000 новозаразени со Ковид-19 и го потврди првиот смртен случај од новиот сој на вирусот – Омикрон.
Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, денеска пријави 6.324 нови инфекции, што е за 70 помалку од највисокиот број регистриран претходниот ден. Во болниците од Ковид се лекуваат 524 лица, од кои 55 на интензивна нега.
Новите мерки во таа австралиска држава стапија на сила денеска, вклучувајќи ограничувања за едно лице на два метри квадратни во баровите и рестораните и задолжителна проверка на вакцинираните лица и нивните кодови во угостителскиот сектор.
Државата Викторија денеска пријави 1.999 новозаразени и три смртни случаи. Шефот на штабот за Ковид во таа држава воведе случајно геномско тестирање за сојот Омикрон со цел подобро да се разбере ширењето на инфекцијата.
Ново на Сител
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор
-
Османи за експропријациите на север: Косово го испочитува законот, на сојузниците да им се објасни детално