Норвешка сака да забрани продажба на цигари дури и за возрасните
Во обид Норвешка до 2035 година да биде општество без чад од тутун, Норвешката медицинска асоцијација врши притисок врз Владата да го поддржи предлогот за забрана на тутунски производи на граѓаните родени по 2000 година.
Мерит Хермансен, претседателка на НМА, изјави за списанието Афтенпостен дека пристапот до цигари не е основно човечко право.
- Од многу одамна планираме да го укинеме пушењето до 2035 година. Ова е мерка со која ќе ја постигнеме целта. Сакаме генерации без тутун, рече таа.
- Пушењето не би требало да се забранува, но сакаме младите луѓе никогаш да не почнат со пушење.
Тие се надеваат дека благодарејќи на оваа одлука, младите луѓе нема ни да почнуват со пушење по 18 години, што е моментна старосна граница.
Во 2013 година пушеле 32 отсто Норвежани, што е многу помалку од 36 отсто, колку што пушеле во 2008 година.
Меѓу младите луѓе, седум проценти пушат секојдневно.
Ново на Сител
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА