Нормализирано собирањето на сметот во повисоките делови на Штип
Нормализирано е собирањето на сметот во повисоките делови од градот, информираше денеска директорот на ЈП „Исар“-Штип, Живко Тасев. Поради тесните коловози, појавата на голомразица на неколку улици во повисоките делови на градот изминатите денови не се собирал сметот, но од денеска почнува да се нормализира работата.
– Немаме проблеми со водоснабдувањето во градот Штип. Потрошувачката на водата за пиење е просечна и се движи од 140 до 230 литри во секунди, вели Тасев.
Тој нагласува дека немаат ниту поголеми дефекти на водоводната мрежа, а исто така граѓаните навреме ги заштитиле водомерите и чешмите, кои им се надвор, па не дошло до големи дефекти и штети. Во текот на денешниот ден екипите на ЈП „Стипион“ ги чистат и улиците од остатоци на снег и голомразица од втор и трет степепен низ градот и општина Штип.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја

