Нормализиран железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија и обратно
Железничкиот сообраќај на релацијата Гевгелија – Велес и обратно е нормализран повторно, откако синоќа околу 21 часот целосно е исчистен одронот од карпи на пругата помеѓу крстосницата Клисура и жеелзничката станица Миравци.
Како што информиарат од Железничката станица во Велес, утрово во 7.48 часот од Велес за Гевгелија заминал редовниот патнички воз на оваа релација.
Железничкиот сообраќај беше во прекин од вчера во 6,40 минути кога товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Табановце удрил во одрон од камења помеѓу крстосница Клисура и Железничката станица Миравци.
Екипи на ЈП Македонски Железници Инсфраструктура со машина вчера од пругата отстраниле од 150-200 метри кубни одрони паднати на овој дел од пругата, по што таа по 14 часа повторно беше оспособена за железнички сообраќај.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци