Македонија
7. March 2018 - 15:39

Нормализиран сообраќајот на патот Катланово - Велес

Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес е нормализиран, информираат од ЈП Македонија пат.

Претходно, поради одрон после манастирите сообраќајот на патот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 100 метри.

- Одронот е исчистен и сообраќајот се одвива по две коловозни ленти, посочуваат од ЈП Македонија пат.