Ноев: Петков да го испита односот на Македонија кон Договорот и дали Бугарија дала повод за тоа
Поранешниот бугарски дипломат Бојко Ноев во емисијата „Денот започнува со Георги Љубенов“ на БНТ, вели дека новиот премиер на Бугарија Кирил Петков е прагматичен и тоа го покажал со ставот дека е потребна најпрво анализа, а потоа конкретни чекори за секоја од политиките.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Ноев, многу е важно да се направи анализа и на односот со Република Македонија.
– И ние сакаме работите да тргнат побрзо, но земјата-кандидат е Република Македонија. Таа мора да исполни важни критериуми, го коментира Ноев барањето на претседателот на Македонија Стево Пендаровски побрзо да се донесе одлуката на Бугарија.
Според Ноев, четири години ништо не се случило во односите меѓу Бугарија и Република Македонија. Тој смета дека по потпишувањето на Договорот за добрососедство односите меѓу двете земји се движеле во надолна линија. Македонија, според него, во голема мера се потпирала на меѓународниот притисок и практично престанала да го спроведува Договорот.
Ноев смета дека Петков сега треба со својот тим да разјасни кои се причините Република Македонија да го промени ставот кон спроведувањето на договорот и дали Бугарија дала повод за тоа.
Бојко Ноев вели дека има притисок Бугарија да го смени ставот во однос на Република Македонија, но додаде дека Бугарија нема да го стори тоа.
– Политичарот кој би го сторил тоа, нема да остане ниту еден ден на власт. Затоа е многу важен предлогот на претседателот Румен Радев за состанок на Советот за национална безбедност, бидејќи на тој начин тој му дава поддршка на премиерот Кирил Петков во една комплицирана ситуација кога опозицијата и други недобронамерници го напаѓаат. Прашањето за односите со РМ е крајно деликатно и сложено и Румен Радев му подаде рака на Кирил Петков, коментира Бојко Ноев.
Според него, Бугарија има многу едноставно барање – Република Македонија, која е мултинационална, да ги вклучи и Бугарите во својот устав меѓу останатите националности.
Ново на Сител
-
Обид за убиство Струга, едното лице го бодело оштетениот со нож во стомак и врат, другото лице довикувало да го „доврши“
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 314 за брзо возење
-
Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума
-
Премиерот Мицкоски на поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија во Скопје
-
ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола
-
Првиот клуб на починатиот фудбалер Жота ќе користи дрес со неговиот лик
-
Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер
-
Без струја дел од општина Карпош