Снеже Велков со потресен статус за пилатес инструкторката Ирина Митевска: "Боли Ирина,ми се укочи душава.."
Ненадејната смрт на пилатес инструкторката Ирена Митевска го зави Скопје во црно, а нејзините пријатели пишуваат емотивни пораки на Фејсбук. За младата инструкторка тагува Снеже Велков која напиша потресна порака:
"Боли Ирина,ми се укочи душава..Не е ова погледни на часовникот во сала и види, уште само 15 мин од часот и ќе помине се а ти ќе ни речеш “Наздравје вежбање“.Боли драга, не, не е како твоите 5 пати по 96, Боли Ирина бесконечно! А ми одѕвонува твојот глас АЈДЕЕ МОЖЕТЕ!!...Не можам бе Ирина не...Ти која најмногу веруваше во мене и ми велеше: Ти ќе бидеш нај супер инструктор, ти, која ми беше муза...Си го чувам ливчето кога ми напиша каде грешам, како гордо треба да се исправам пред вежбачките, како треба да викнам да ме чујат дури до пазарот! Ако сега викнам, ќе ме чуеш ли Ирина?...Ти Irina Pilates Mitevska..На сите им кажував за мојата менторка Ирина што личи на Кери Бредшо ...Ти драга сега ми го направи најмачното, најгадното, најболното воспаление, кое нема да помине...Ни со магнезум, ни со вода, ни со друг тренинг, ни со масажа...не Ирина,ќе боли и утре и задутре и по месец и по година...Ќе ги вежбаш ангелите таму горе тие ќе бидат твоите згодници сега...Проклети нека се, тука ти беа твоите згодници, тука Ирина меѓу нас! И боли, проклето боли ...се посилно...На крајот од секој час Иринке ти дававме аплауз..Денес мила на твојот последен час ќе аплаудираме најгласно најзвучно, да не чуеш Ирина од небото...Ке аплаудираме за да му заблагодариме на Вечниот Ментор, што ни дозволи да те имаме ТЕБЕ, да ни покажеш што е енергија, љубов, вистинска верба, мотив,да ни покажеш како се се може ако се сака, да се насмееш , да не насмееш...Ќе се поклониме пред тебе онака балетски како што не учеше гордо, надмено, а сепак понизно пред тебе ГОЛЕМА ХРАБРА ЖЕНО!"
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
