-->
-->
Врвни тренерски имиња на ракометниот камп „Лазаров 7“
-->
Силен интернационален тим оваа година ќе работи со учесниците на ракометниот камп „Лазаров 7“ во Охрид. На нешто помалку од еден месец до стартот на третиот камп на капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров, се комплетира тренерскиот кадар кој и оваа година ќе ги пренесува своите искуства и знаења на повеќе од 300 дечиња од Македонија, Романија, Србија, Босна, Словенија, Шведска, Данска...
Горан Кузмановски и Бранислав Ангеловски, македонски репрезентативци со долг репрезентативен стаж и богата интернационална кариера од самиот старт на овој проект.
- Ова е трета година како ќе бидам дел од кампот и можам да кажам дека од самиот старт се пронајдов во работата со најмладите учесници на кампот. Кампот е навистина организиран на многу високо ниво, што покажува и интересот за истиот како во Македонија, така и во Романија од каде што и оваа година ќе присуствуваат повеќе учесници. До минатата година работев со млади категории во мојот клуб, Одорхеи, а оваа сезона водечките луѓе на клубот покажаа голема доверба кон мене, приклучувајќи ме во стручниот штаб на сениорскиот тим. Од пред неколку месеци сум и прв тренер на тимот, изјави Горан Кузманоски за официјалната Веб страна на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“.
Бранислав Ангеловски со поддршка за овој многу важен проект на најдобриот десен бек на планетата.
- Идејата на Кире своето ракометно и животно искуство и искуството на сите ние кои инволвирани во ракометот долги години да се пренесе на оние кои доаѓаат на ракометната сцена е одлична и затоа уште од почетокот во 2015-та сум дел од самиот камп и се трудам максимално да се посветам на работата со нашите учесници. Долги години сум во ракометот и покрај моето искуство од играње во повеќе земји, последните години активно се подготвувам и на теоретски план, а паралелно работам со млади категории во клубот во кој моментално настапувам, изјави Ангеловски.
Минатиот јуни Младен Ракчевиќ три дена беше гостин на капитенот на кампот во Охрид и остави одличен впечаток во делот на индивидуалната работа со пивотмените. Оваа година во тандем со соиграчот од Констанца, Ангеловски, ќе „држи“ смена на кампот и паралелно ќе работи со нашите учесници на неговата позиција на која владее со години.
Покрај Кузмановски, Ангеловски и Ракчевиќ на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ во улога на тренери и демонстратори свој придонес ќе имаат и селекторот Борче Марковски, екс-селекторот Владимир Глигоров, тренерот на дански Сондресјуске Оливера Кецман, данските тренери Нилсен и Барслев, македонските тренери во Шамбери (Франција) - Данило Брестовац и Борусија Дортмунд (Германија) - Наташа Коцевска, тренерот на РК Прилеп Ице Соколески и двоецот од РК Аеродорм, специјалнизиран за млади категории, Дарко Петровски и Горан Стојков.
Третото издание на овој ракометен камп ќе се одржи во хотелот „Аквалина“ во Охрид, во две смени од 20 јуни до 2 јули и на истиот учество ќе земат околу 300 ученици од земјата но и од 10-тина други земји од регионот и поширок
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кај 54 - годишник во Кисела Вода пронајдена прашкаста материја
-
„Ќе дојдам сабајле, како камион да ме згазил“, на денот на грабнувањето Палчо тврдел дека е настинат
-
Титаниум – Нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Еурофарм Пелистер очекува уште една победа против ракометарите на Фредериција
-
Трамп го номинира познатиот др.Оз да ја раководи сојузната агенција Медикер и Медикејд
-
Приведено лице на Табановце, ВИН бројот на возилото не бил ист со оној во сообраќајната
-
Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија
-
Амбасадата на САД во Киев затворена поради потенцијален воздушен напад врз градот