ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да овозможи одржување локални избори
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара што поскоро распишување на локалните избори заедно со парламентарни, оценувајќи дека СДСМ и собраниското мнозинство имаат одговорност за пролонгирање на локалните избори со што, како што истакнува, се става под знак прашалник ефективното функционирање на локалната самоуправа.
- Република Македонија и нејзините граѓани не треба да ја плаќаат сметката за антидржавното делување на СДС. Државата не смее да трпи, економијата не смее да стагнира, граѓаните сакаат да одат напред. СДС мора да овозможи одржување на локалните избори, а со нив и предвремени парламентарни избори, кои се вистинско долгорочно решение за државата, стои во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, „фактот дека и по еден месец од изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието во законодавниот дом нема никаква активност и оти СДС се уште ги кочи клучните и неминовни процеси во државата, како одржувањето на редовните локални избори, покажува дека СДС, очигледно, со намера го изведе сценариото од 27-ми април, за дополнително продлабочување на кризата“.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ секогаш се однесува калкулантски, ставајќи ги теснопартиските интереси и приоритети пред државните. Додека СДС со својата деструкција се заканува да ја уназади Република Македонија, стои во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ не запира со проектите за доброто на сите граѓани.
Според ВМРО-ДПМНЕ, евидентна е разликата, а граѓаните знаат да препознаат. - ВМРО-ДПМНЕ гради и создава, додека СДС сее деструкција и омраза. Граѓаните сакаат напредок, наместо стагнирање, граѓаните сакаат излез од политичката криза, токму затоа локални избори веднаш, парламентарни заедно со нив, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово