Нимиц: Решавањето на спрот за името треба да биде приоритет на новата влада

Решавањето на спорот за името треба да биде високо на агендата на новата македонска влада, порачува посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц.
Во интервју за грчкиот весник „Риал њуз“, Нимиц истакнува дека очекува да се формира нова влада во Македонија и да започнат сериозни разговори за решавање на проблемот кој постои меѓу Скопје и Атина. Решавањето на овој проблем, според него, може да помогне да се надминат и други проблеми во регионот.
- Мандатот кој го имам за решавање на спорот за името е клучот кој ќе ја отвори вратата за да се решат и други спорни проблеми во регионот. Спорот може да се реши ако и двете земји и нивните лидери добијат поддршка од нивните народи, ако разгледаат нешто што е логично, што ќе го задржува достоинството на двете земји, идентитетот на двете земји, историската смисла на двете земји. Мислам дека постојат решенија, вели Нимиц.
Тој ги оценува како опасни и погрешни сите разговори и идеи за менување на границите, особено на Балканот.
– Границите треба да останат таму каде што се и мислам дека тоа што го нарекуваме ПЈРМ е една држава членка на Обединетите нации, признатa како држава од сите нејзини соседи, истакнува Метју Нимиц.
Тој апелира до Албанците во Македонија да бидат лојални граѓани, да придонесат за функционирање на државата и да работат во насока на демократско решавање проблемите.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
