Во Кочани се одржа 43. детски поетски фестивал „Мајски цвет“
Во организација на библиотеката „Искра“ и литературниот клуб „Копнеж“ од Кочани денеска се одржа 43-от детски поетски фестивал „Мајски цвет“. На фестивалот учествуваа 20 автори на поетски творби од училишта и библиотеки од општините од источниот регион, како и од основните училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.
- Годинава пристигнаа повеќе литературни творби од ученици од кои жири-комисијата одбра 17 творби за учество на фестивалот. Творбите беа на најразлична тема со што учениците покажаа висок степен на надареност во создавањето на поетски творби, изјави Ленче Стоименова, претстедател на литератрурниот клуб „Копнеж“ од Кочани.
Првата награда ја доби Тамара Ристовска, ученичка од Виница за песната „Нердофат“, втората и припадна на Бојана Велкова, ученичка од Кочани за песната „Мојот роден крај“, а третата награда ја освои Марија Николова ученичка од село Соколарци, општина Чешиново Облешево за песната „Да го обоиме светот во боите на љубовта“.
Беа пофалени и три поетски творби на учениците Катерина Каракаповска од Пехчево, на Стефан Ристовски од Лозово, Велес и на Елена Лазарова од Оризари, Кочанско. Наградата за ментор ја доби Стојка Стоименова од библиотеката „Ванчо Прке“ од Виница.
Во рамки на фестивалот излезе од печат и поетската збирка „Мајски цвет 2017“ во која се содржани најуспешните 20 поетски творби.
Ново на Сител
-
Средба Гаши - Ал Субаие: Подготвеност за продлабочување на соработката во рамки на Парламентарното собрание на Медитеранот
-
ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина
-
Ѓоковиќ го освои 100. трофеј во кариерата
-
Николоски: Нова авиолинија Скопје - Ларнака од 31 октомври
-
Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
-
Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција