Свет
21. September 2015 - 10:15

Оланд: Ниту една европска земја не може да го отфрли прифаќањето на бегалци

Ниту една европска земја не може да го отфрли прифаќањето на бегалци, изјави на прес-конференција во мароканскиот град Танжер францускиот претседател Франсоа Оланд.
 
Тој нагласи дека оваа процедура „треба да се спроведе од сите европски држави“.
 
- Никој не може да го отфрли тоа, во спротивно нема да припаѓа кон заедничкото општество, кое се заснова врз вредности и принципи, истакна Оланд.
 
Се очекува прашањето за распределба на 120.000 бегалци во земјите од Унијата да се разгледа на 22 септември во Брисел, каде ќе се одржи Совет на ЕУ на ниво на министри за внатрешни работи.