Делчево се подготвува за уличната трка

По повод градската улична трка „Делчево трча за здрав живот“ во Делчево која ќе се одржи на 28 мај денеска во градот се одржуваат подготвителни трки и тренинзи.
Според Дејан Златковски еден од организаторите на трката денешниот настан се организира со цел учесниците да имаат подобра физичка подготовка.
- Оваа пробна трка која ја организираме е и официјална пробна тренинг- трка. Досега организациските работи одат добро, а во тек е и пријавувањето за учество на трката по електронски пат, но и кај сите наставници по физичка култура во градот, рече Златковски.
Тој додаде дека досега се пријавени околу 200 учесници за градската трка, но очекува овој број да биде двојно поголем. Во трката учество можат да земат сите граѓани.
Натпреварувачите се поделени во 10 категории и сите имаат различни должини на патеката за трчање. Учениците се поделени во одделенија. Патеката за најмладите до 7 години е со должина од 400 метри, додека за возрасните, над 18 години има две категории, женска трка која е 2,5 км и машка трка која е 5 км. Сениорската или патеката за пензионерите ќе биде со должина од 1,2 км.
Градската трка во Делчево се организира по втор пат, а организатори се Здружението на граѓани „Драмас“ од Делчево во соработка со Општина Делчево и Здружението на иселениците во Швајцарија „Рефрама“.
Ново на Сител
-

Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
-

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежна иднина
-

Зеленски: Секаков компромис со Русија мора да биде потврден со избори или референдум
-

Ѓорѓиевски: Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд, немаат дозвола за вршење дејност
-

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк денеска треба првпат да се појави пред суд
-

Во Центар Жупа изградено првото детско игралиште
-

Одбраната на обвинетите пазарни инспектори за случајот „Пулс“ тврди дека се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот
-

Бугарската влада на Росен Желјасков поднесе оставка по жестоките протести поради законот за буџет
