Во Македонска Каменица по шести пат ќе се одржи манифестацијата „Бабина баница“
Манифестацијата „Бабина баница“ што традиционално се организира на локалитетот Еленец кај Македонска Каменица, годинава ќе се одржи на 11 јуни.
Манифестацијата годинава се одржува по шести пат, а е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица и КИЦ „Романса“.
Претседателот на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, Видан Конески истакна дека подготовките за манифестацијата се при крај, а се очекува годинава да се сруши рекордот на посетеност и на Еленец да дојдат над 10 илјади гости.
- Манифестацијата има за цел да го промовира стариот начин на подготовка на баници под вршник на отворено. На Еленец се месат, сукаат и печат баници, онака како што тоа го правеле нашите предци, а највредните домаќинки кои ќе направат највкусна баница, добиваат награди. Исто така, на сцената на отворено ќе има настап на музички групи, односно презентација на изворна музика и инструменти, рече Коневски.
Тој ги покани сите здруженија на пензионери од државата и заинтересирани граѓани да се вклучат во манифестацијата.
Манастирско-туристичкиот комплекс Еленец, каде е сместен и манастирот „Покров на Пресвета Богордица“, се наоѓа на 15 км од Мкедонска Каменица. Овој комплекс последните години е таргет на Општина Македонска Каменица за развој на туризмот.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар