-->
-->
Возачот кој вчера прегази пешаци обвинет за убиство
-->

Осомничениот возач за вчерашното влетување со неговиот автомобил во група пешаци на еден од најфрекфентните њујоршки плоштади „Тајмс сквер“ доби обвинение за убиство.
Обвинителниот акт вклучува и 20 точки за обид за убиство, соопшти њујоршката полиција.
Според американските медиуми, против 26-годишниот Ричард Рохас од Бронкс има и обвинение од пет точки за убиство, извршено со патничко превозно средство под отежителни околности.
Рохас беше уапсен уште вчера откако со својот автомобил на „Тајмс сквер“ влета и удри во приближно 25 лица, пред да запре во бетонските огради, поставени како мерка за претпзливост.
Во инцидентот загина 18-годишна туристка од Мичиген, а нејзината 13-годишна сестра е меѓу 22 повредени лица, од кои четворица се во тешка состојба.
Рохас денеска ќе биде изведен пред суд. Засега не е познато дали има обезбедено адвокат.
Според официјални извори, тој бил припадник на американската Воена морнарица, но бил отпуштен поради проблеми со дисциплината.
– При апсењето тој пред полицијата рече дека слушнал гласови и дека очекува да умре, изјавија двајца претставници на силите на прогонот кои побарале анонимност.
По тоа што се случило на „Тајмс сквер“, Рохас излегол од автомобилот трчајќи, врескајќи и потскокнувајќи, пред да биде запрен од полицајци и минувачи.
– Почна да вреска – ништо конкретно, едноставно врескаше. Истовремено мафташе со рацете, изјави Кен Брадикс, припадник на обезбедувањето на блискиот ресторан, кој учествувал во запирањето на Рохас.
Првичниот тест за присуство на алкохол се покажел негативен, но се очекуваат резултатите и од тестовите за употреба на наркотици, изјавија претставници на органите на прогонот.
Масакрот се одигра во дел од градот, што одамна се смета за можна терористичка цел поради големиот број на луѓе кои постојано се таму – вознемиреност што се појави по нападите од 11 септември и се засили по последните напади во Велика Британија, Франција и Германија, во кои автомобили влетуваа во големи групи пешаци.
Мотивите на Рохас засега се непозанти, но градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио изјави дека нема никакви знаци дека тоа што се случи е намерен терористички акт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДКСК ќе ја одржи 22. седница
-
Министерот Бесент очекува САД годишно да имаат над 500 милијарди долари приходи од царини
-
Нема активни пожари, под контрола во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф
-
Болсонаро е под 24-часовен полициски надзор поради ризик од бегство
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“