Матурантите танцуваа квадрил на плоштад „Македонија“
Околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје денеска напладне традиционално танцуваа квадрил на плоштадот „Македонија“ и положија заклетва за ненасилство.
Матурантите квадрил танцуваа со сини, а матурантките облечени со жолти маички на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“, на преземен сигнал од Радио Словенија со посредство на Македонското радио - Радио Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, порача дека со „Матурската парада“ учениците ќе се придружат на стотици и илјадници матуранти од повеќе европски градови и симболично ќе се поврзат преку музика, танц и дружење.
- Со завршувањето на средното образование пред вас стојат многу можности. Ви посакувам да ги искористите новите предизвици и искушенија кои искрено се надевам дека ќе успеете да ги совладате со својот младешки елан, енергија и ентузијазам, изјави Трајановски.
Изрази надеж, дека нивниот пример ќе го следат и идните генерации матуранти, не само што ќе ја продолжат традицијата, туку и ќе продолжат да ја пренесуваат пораката за мир и толеранција во светот.
Покровители на „Матурската парада 2017“ се Град Скопје и Делегацијата на Европската унија во Скопје. Матурантите годинава танцуваа и салса на композицијата „Shape of you“.
Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.
Годинава, освен матуранатите од Скопје танцуваа и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје