Евролига: Време е за фајнал-фор
урскиот мегалополис Истанбул од петок до недела ќе биде домаќин на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Тронот, на кој се наоѓа московска ЦСКА, го напаѓаат Реал Мадрид, Фенербахче и Олимпијакос. Ова ќе биде прв завршен турнир на кој ќе играат тимови кои имаа меѓусебни дуели и во регуларниот дел од сезоната.
Завршниот турнир ќе го отворат бранителот на титулата, ЦСКА, и грчкиот шампион Олимпијакос, а потоа ќе играат европскиот вицепрвак Фенербахче и шпанскиот шампион Реал, екипа која регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место.
Македонија на завршниот турнир ќе има свој репрезент во името на Перо Антиќ. Крилниот центар на Фенербахче четвртипат во кариерата ќе биде учесник на завршниот турнир. Тој досега има освоено две титули европски првак, двете со грчки Олимпијакос.
Тимовите, учесници на Ф4 турнирот, меѓусебе одлично се познаваат, тоа се тимови кои веќе неколку години играат во речиси непроменети состави.
Интересно овие четири екипи беа учесници и на завршниот турнир кој се одржа во 2015 година, дури и полуфиналните двојки се исти, а и тренерите се исти. Тогаш на крајот поредокот беше Реал, Олимпијакос, ЦСКА и Фенербахче.
Од 2015 година ЦСКА и Фенербахче беа подобри во меѓусебните дуели. Рускиот тим сезонава двапати го победи Олимпијакос, а истото се случи и во претходната сезона. Сите четири победи на ЦСКА беа изразени со седум поени разлика.
Од друга страна, Фенербахче изминатите две години доби пет од седумте дуели со мадридски Реал вклучувајќи го серијата во минатогодишниот плеј-оф. Оваа сезона двата тима имаат по една победа во регуларниот дел од сезоната.
Завршниот турнир во кошаркарската Евролига в петок ќе го отворат ЦСКА и Олимпијакос (17:30 ч), а потоа ќе играат Фенербахче и Реал Мадрид (20:30 ч).
Ново на Сител
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори
-
Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ
-
За моето семејство напаѓам како лав | Роберт Спасенцовски - Џокер | Sitel Podcast 117
-
Николоски: На 19-ти да гласаме, од 20-ти да работиме, време е за промена и во Валандово
-
Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира
-
Мачадо: Нобеловата награда за мир е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“
-
Крадел производи поставени пред маркет и нападнал вработена - приведен кавадарчанец
-
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија