Карамбол на тетовските улици, седум лица завршија во болница
Седум повредени лица и вкупна материјална штета од 170 илјади денари се последиците од двете сообраќајни несреќи што вчера скоро во исто време околу 13 часот се случиле на две места во Тетовско, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во првиот случај на булеварот „Видоја Смилевски-Бато“ во сообраќајната несреќа учествувале три патнички возила со тетовски регистерски таблици, „БМВ“ управувано од А.Ш.(24) од Порој, „Опел астра“ управувано од тетовецот А.Н.(29) и „Поло“ што го управувал В.Ф.(19) од Тетово.
- Во судирот возачот и тројца сопатници од „Астрата“ како и возачот на „Полото“ добиле телесни повреди по што сите биле пренесени во тетовската Клиничка болница и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата. Првично причина за несреќата е неприлагодена брзина. Вкупната материјална штета се проценува на 90 илјади денари, рече Јосифовски.
Речиси во истото време на локалниот пат Тетово-Требош се судриле „Ауди“ со тетовски таблици управувано од В.З.(21) од Челопек и „Поло“ исто така со тетовски таблици што го управувал Р.С.(70) од Вешала. Двајцата возачи со телесни повреди биле пренесени во тетовската болница и по укажаната лекарска помош биле пуштени дома. Според полицискиот увид првично причина за несреќата е недавање првенство на минување, а материјалната штета се проценува на 80 илјади денари.
Ново на Сител
-
ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи
-
Кос: Во поглед на евроинтеграцијата, Северна Македонија е тажна приказна на Балканот
-
Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација
-
Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта
-
Ужас во Кичево: 72-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години