Европол: Прерано е да се шпекулира кој стои зад глобалниот кибер напад
Европол денеска соопшти дека се уште е прерано да се шпекулира со тоа кои се извршителите на светскиот кибер напад, откако безбедносните информатички експерти открија потенцијална врска со Северна Кореја, пренесоа француските медиуми.
- Ние сме наклонети да истражуваме во сите правци, но не шпекулираме и не можеме да го потврдиме тоа, за француските медиуми изјави портпаролот на европската полициска агенција, Јан Оп Ген Орт.
„Уште е прерано да се каже што и да било“, додаде тој.
Експертот по информациски технологии од Гугл, Нил Мехта, во онлајн просторот објави кодови што покажуваат извесни сличности меѓу вирусот „Вонакрај“, што засегна десетици илјади фирми во 150 земји од светот, и друга серија пиратски напади, што му се препишуваа на Пјонгјанг.
Нападот „можно е да дошол од секаде, од секоја земја. Истрагата продолжува“.
Според најновите податоци на Европол, утринава низ светот имало 165.000 зафатени IP адреси, што е пад за 38 проценти во споредба со 226.800 адреси што првично беа зафатени во неделата.
Глобалниот кибер напад беше извршен со вирусот наречен „Вонакрај“, со кој хакерите ги заклучуваат фајловите на потрошувачите и од нив изнудуваат по 300 долари за повторно да го добијат пристапот до нив.
Жртвите на хакерскиот напад досега извршиле околу 243 плаќања, во вредност од приближно 63.000 долари, соопшти Европол, полициската организација од Хаг.
Ново на Сител
-
„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина
-
Нетанјаху испраќа високи преговарачи на разговорите во Катар за постигнување договор за заложниците
-
Силекс ги почна подготовките
-
Околу 50 повредени во судир на два трамваи во Стразбур, петмина потешко
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош