Меркел: Германија ќе побара алтернатива за турската база Инџирлик
Германскиот канцелар Ангела Меркел ја нарече непријатна целата ситуација со забраната на турските власти да им дозволи влез на германските пратеници во воената база Инџирлик, каде има војници на Бундесверот, пренесе ТАСС.
- Ова е непријатно и по различни канали тоа јасно го дадовме до знаење, рече таа на денешната прес конференција.
„Ќе ги продолжиме преговорите и паралелно со тоа ќе видиме што ќе правиме во иднина, затоа што веќе имавме тешкотии да ја посетуваме базата. Тоа значи дека ќе бараме алтернатива на Инџирлик“, подвлече таа и напомена дека една од варијантите е дислоцирање на германските војници во Јордан.
Претходно денеска, германското Министерство за надворешни работи соопшти дека турската Влада одбила да ги пушти пратениците од Бундестагот во авиобазата Инџирлик, каде служат војници на Бундесверот.
Во одговор на ова, официјален Берлин ја соопшти својата намера да ги премести своите единици распоредени во Турција, а кои учествуваат во операциите на западната коалиција против Исламска држава. Како приоритетна варијанта се разгледува нивното преместување во Јордан.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро