-->
-->
Назор очекува уште неизвесни натпревари во финалето со Карпош Соколи
-->
Задоволен поради победата над Карпош Соколи во првиот дуел од финалето на плејофот, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Анте Назор, рече дека очекува неизвесни дуели до крајот на серијата.
„Металците“ победија со минимални 77:76 со одлична игра во последната четвртина, откако му дозволија на противникот резултатски да се одлепи во третиот период.
- Тоа беше тежок и до крај неизвесен натпревар, нешто што се очекуваше и пред самиот почеток. Противникот играше одлично, ни направи доста проблеми, но ние покажавме карактер и заигравме тимски односно го оставивме срцето на терен кога беше најтешко и најпотребно. Среќен сум што се вративме резултатски и дојдовме до многу важната прва победа. Мора да играме подобро во одбраната и да го поправиме движењето на топката, имавме многу проблеми во тој дел, поготово во ситуациите еден на еден. Треба да ги исправиме тие грешки за следниот натпревар, на кој ќе се обидеме да играме уште подобро. А, сосема е јасно дека сите преостанати дуели ќе бидат слично неизвесни, изјави хрватскиот стратег на клупата на МЗТ Скопје Аеродром.
Актуелниот шампион сега води со 1-0 во серијата што се игра до три победи, а следниот дуел е утре (вторник) во салата „Борис Трајковски“ кога домаќини ќе бидат „соколите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром
-
Mајка и дете заглавени во поплавен автомобил во Велес, ги спасиле пожарникари во последен момент
-
Николоски-Ортиз: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
-
Ротацијата на Земјата се забрзува, денешниот ден е еден од најкратките
-
Млади битолчани фатени при купопродажба на дрога
-
Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен
-
Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти
-
Приведен жител од скопско кој силувал деветгодишно девојче