Турција ќе бара вклучување на ОН во решавањето на бегалската криза
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу најави дека ќе побара од ОН да се вклучат во решавањето на проблемот со напливот на имигранти од Блискиот Исток кон Европа.
- Ќе направам се што е во моја моќ проблемот да се најде на дневниот ред на Генералното собрание на ОН и да се понудат предлози за негово решавање, изјави Давутоглу во разговорите со претставници на сириските бегалци во Турција.
Бегалците, кои од пред пет дена почнаа да пристигнуваат во пограничниот реон на Турсија кон Грција, со цел како што велат „да заминат во Европа“, побараа Давутоглу да отиде на средба со нив во Едрене, но наместо тоа турскиот премиер вчера прими делегација на имигрантите во Анкара.
Како што јави БТА, на средбата Давутоглу најавил дека ќе испрати писма до светските лидери во кои ќе ги запознае со проблемите на бегалците и ќе побара од нив да ги примат во нивните земји.
Давутоглу воедно побарал од бегалците до утре да ја напуштат пограничната зона.
- Успевате да го натерате светот да го чуе вашиот глас. Наша молба е да се вратите на норманиот живот. За време на Курбан Бајрам ќе ви обезбедиме сместување во кој град или во кој бегалски камп сакате. Ние не сакаме сириските граѓани да умираат во Егејското Море или по патиштата кон западноевропските граници, им порачал Давутоглу на соговорниците.
Турција претходно најави дека нема да им дозволи на бегалците да ја минат нејзината граница и да влезат во Грција или Бугарија, бидејќи, како што образложи, најголемиот број од нив не поседуваат валидни пасоши и визи.
Сепак според турските власти, ако некои европски земји се сложат да прифатат одреден број од бегалците кои во моментов се наоѓаат во западниот пограничен регион на Турција, тогаш тие се подготвени да „ги качат на авиони или автобиси и да ги испратат таму“.
Ново на Сител
-
Закрепнува царскиот орел што го спасија кочанските пожарникари, ќе биде вратен на Осоговските Планини
-
Почина четиримесечно бебе во Струшко, причините ќе се утврдуваат
-
Борел: ЕУ го осудува континуираното руско воено присуство во грузиските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија
-
Девизните резерви во јули зголемени за 91 милион евра
-
Шест активни пожари, девет под контрола
-
Во наредните два дена на повеќе места пороен дожд, грмежи и ветер, за викендот сончево и топло
-
Трипуновски: Работиме да имаме што повеќе задоволни лозари, повторно да бидеме препознатлив бренд по вино
-
Трошоците на живот во јули на годишино ниво повисоки за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %