-->
-->
Пијан Грк направи сообраќајка кај Жабени, возел со 1,35 промили алкохол во крвта
-->

Вчера во 06.00 часот на патот Битола – ГП „Меџитлија“, во близина на крстосницата кај индустриска зона „Жабени“, К.В. (61) од Република Грција, управувајќи ПМВ „Нисан Примера“ со грчки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот во канал за атмосферска вода.
По незгодата на К.В. му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди по што бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Битола, а по извршеното алкотестирање над возачот, констатирано било присуство на 1,35 промили алкохол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
-

Муцунски со честитка за Студентската листа: Им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста
-

Пад на цените на нафтата, денеска РКЕ ќе одлучува за цените на горивата
-

АХВ заплени и уништи 470 килограми месо и внатрешни органи во нерегистрирана комора во Василево | ФОТО
-

САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН
-

„Принглс“ нуди 200 години бесплатен чипс на оној што ќе се согласи да биде погребан во нивна кутија
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
