ЛДП: Да се формира влада, па законско решение за локални избори
Либерално-демократската партија (ЛДП) денеска во соопштение оцени дека е неопходно првин да се постигне договор за формирање влада за потоа да се определи и датум за одржување локални избори.
- Само по изборот на новата влада, може да се разговара за датумот на одржување на наредните локални избори, соопшти ЛДП.
ЛДП го повикува претседателот Ѓорге Иванов да го додели мандатот за составување нова влада, а парламентарниот состав на ВМРО-ДПМНЕ, како што наведува партијата во соопштението, да не ги опструира демократските процеси за формирање влада.
- Да беше избрана новата влада, досега ќе беа распишани и локалните избори и немаше да се доведе во прашање функицонирањето на општините. Затоа час поскоро Иванов, да го додели мандатот за составување на реформска Влада на Зоран Заев. Да се изберат најмалку две собраниски комисии, Законодавно-правна комисија и Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, со цел да биде продолжен мандатот на локалните органи, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата