-->
-->
У-19: Македонија подобра од Бугарија
-->
Македонската репрезентација до 19 години ја совлада соодветната селекција на Бугарија со 1:0 на првиот од двата пријателски натпревари на тренинг центарот "Петар Милошевски" во Скопје.
Јани Атанасов од пенал во 11. минута беше стрелец на единствениот погодок на мечот.
Нашата селекција имаше убава можност и да го удвои водството, но ударот на Трапановски го одбрани гостинскиот голман.
Бугарската репрезентација иако на моменти имаше поголем посед на топка, реално не создаде сериозна шанса за израмнување.
Вториот меч помеѓу двете селекции се игра в четврток од 11:00 часот. 

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари