Балашевиќи прославија 36 години брак: Еве зошто нивната венчавка беше единствена!

Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ вчера ја прославија 36. годишнината од бракот. Како што открија, венчавката им била скромна, Ѓоле правел вицови и на сопствената свадба.
-Доцневме на својата венчавка... Тогаш Јована веќе беше родена, кога се венчавме и јас поради албумот за девојчето и сликите сакав да бидам во бело, мислам дека тоа е сон на секоја девојка, а Ѓоле беше понепосреден, тој имаше фармерки и елече, патики и секако стави беџ - Мапети.
-И се согласивте така да се венчате;
-Зошто да не? Па тоа е тој, на се друго не би се согласила!
Свадбата беше скромна, закажана во четврток на 7 мај 1981 година, со оглед на тоа дека на Ѓорѓе му умре мајката. Кумови ни беа Биљана Крстиќ и Јосип Бочек, а Ѓоле ги измами така што им рече дека треба да снимаат емисија на телевизија и да си донесат лични карти. Јас имав ужасна трема, а Ѓоле правеше вицови дури и на сопствената свадба. Кога се отвори вратата кај матичарот и ги слушнавме звуците на „Свадбениот марш“, ен дочека матичарот и неговата асистентка со лени, а Ѓоле мораше да искоментира: Охо - види Мис и првата придружничка! Кога прашаа дали некој има нешто да пријави, тој на матичарот му ги подаде клучевите од автомобилот и му рече дека нешто не е во ред со лер -гасот, ауспухот не работи добро...И така и ние се „легализиравме“, се потсетува Оливера Балашевиќ.

Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
