Ново невреме во Македонија - Еве каков викенд не очекува
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието.
Температурата ќе се движи од 15 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер.
Температурата ќе достигне до 24 степени.
Потоа следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Во недела ќе се врати повремено силниот западен ветер и ќе биде и нестабилно на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава. Позначително но не и подолготрајно спуштање на температурата се очекува од среда.
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата