Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Кабинетот на Претседателот најавија кривични за Мухиќ и Мисовски
Против пратениците Мухиќ и Мисовски, кои превземаа неделовнички дејствија и предизвикаа политичко насилство, ќе поднесеме кривични пријави до надлежните институции, најавија пратениците од коалицијата „За поодбра Македонија“.
ФБ статус на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски
Пратениците од коалицијата “За подобра Македонија” денес во Собранието ги реафирмираат следните позиции:
• секој Пратеник има мандат и должност да го почитува и штити Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија
• Ниедна политичка амбиција на политичар или политичка партија не дава за право за кршење на Деловничката процедура како дел од демократијата во Собранието
• Обидот за избор на Претседател на Собранието со кршење на Деловникот и Законите е нелегален и ниеден политички притисок тоа не може да го покрие
• Против пратениците Мухиќ и Мисовски, кои превземаа неделовнички дејствија и предизвикаа политичко насилство, ќе поднесеме кривични пријави до надлежните институции
• На Македонија во овие тешки и многу чувствителни моменти не и потребен нелегален Претседател на Собранието, нелегална Влада и создавање на тешки политички преседани со формирање на паралелни институции спротивни на Уставот кои можат да предизвикаат штетни и непоправливи последици
• Пратениците во Собранието имаат мандат од граѓаните, граѓаните се носители на суверенитетот во Република Македонија и нивниот став е најбитен, без разлика дали е изразен на избори или на демократски протести
• Ниту политичкото насилство, ниту физичкото насилство во Собранието не се за оправдување, ниту пак заради насилни поединци некој има право целиот мирољубив народ да го нарекува терористи.
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
