Средба Иванов - Хојт Ји: САД да помогнат да се надминат пречките за доделување мандат


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска на средбата со Хојт Брајан Ји, заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, го осуди секое политичко и физичко насилство и истакна дека единствено преку дијалог мора да се бараат решенија за новонастанатата политичка состојба.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов подвлече дека доколку постои вистинско лидерство од претседателите на парламентарните партии, правната и политичката пречка за определување на мандат за состав на влада се надминливи.
Македонскиот претседател, се додава, побара од САД, како стратешки партнери на Република Македонија, да помогнат за пречките да се отстранат и да се овозможи парламентарното мнозинство да го добие мандатот.
- Преседаните со кои се воведува практика, а нелегалното станува легално ги поткопува основните демократски принципи, истакна претседателот Иванов, се наведува во соопштението.
Воедно, како што се посочува, Иванов бара од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека „заедно со коалиционите партнери ќе дојдат и ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека се ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“.
- Платформата од Тирана не може да биде услов ниту, пак, основа за формирање Влада во Република Македонија, констатираше македонскиот претседател, кој воедно ги повика граѓаните да останат воздржани и трпеливи, затоа што, се посочува, постојат решенија кои треба да се донесат со разум и преку дијалог.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
