-->
-->
Дода: Никој не може да ги спречи Албанците да живеат во Илирида
-->

Албанската пратеничка Месила Дода од партијата ПДИУ која е во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама продолжува со скандалозните изјави и обајви на социјалните мрежи. Дода коментирајќи ја ситуацијата во македонското Собрание вели дека истата не можела да биде поинаква и порака дека Никој не може да ги спречи Албанците да живеат во Илирида
-Не можеше да биде поинаку. Едно општетство кое се храни со фантазмите на етничката омраза, една албанофобска политичка класа, државно раководство кое јавно ја прогласи омразата кон половина милион Албанци, не можеа ништо друго да направат освен да ја донесат омразата, насилството и навредите во сите овие години во очите на целиот свет. Потребно беше Талата Џафери да биде избран за претседател на Собранието (на кој му посакувам убава работа во корист на Албанците) за да експлодираше вистината. Зијадин Села денес е повреден и ние сите се молиме што побрзо да помине овој тежок момент за него и за сите Албанци, но истовремено денес треба да научиме дека треба да се подготвиме за секој напад кој мрачните сили го подготвуваат кон Албанците.Ние сме една нација и имаме еден став. Албанците треба да реагираат како единствена сила против секој напад. Го повторувам она што го кажав неколку месеци порано…Во една држава која не ги сака и не ги прифаќа, меѓу заедниците кои шират омраза кон Албанците. Албанците во Ирилида никој не може да ги спречи да живеат таму, пишува Дода на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

Во вториот квартал од годинава за 1,5 отсто намален бројот на невработени лица
-

ЕК објави распоред на летното и зимското сметање на времето за следните пет години
-

Ужас во Прилеп: 48-годишник во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка
-

Рустемовски со бронза се враќа во Македонија, по израмнета борба остана без финале
-

Клековски: На Инфективната клиника хоспитализирани 21 лице со западнонилска треска
-

Речиси 500 мигранти за два дена биле откриени во близина на грчкиот остров Крит
-

УХМР: Утре портокалова фаза во делови од земјата
